СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Најстарата компанија во земјава лани прокнижи добивка од 39,2 милиони денари

Тутунски комбинат од Прилеп, од први јануари до 31-ви декември лани, работеше со добивка од 39.220.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза, цитирани од Бизнис Инфо.

Во текот на 2018-та година, компанијата евидентираше загуба од 188.210.000 денари.

“Оперативната добивка за периодот 01.01.2019 – 31.12.2019 година, изнесува 39.220.427 денари, наспроти оперативната загуба од претходната 2018 година од 188.210.000 денари, којашто се должи на реализираниот ВЛП пакет, со којшто ТКП на доброволна основа го напуштија 222 лица, како и на реализираните многубројни инвестиции за зголемување на енергетската ефикасност коишто значително ги намалија трошоците по основ на енергија во друштвото“, стои во Образложението кон постигнатите резултати.

Вкупните приходи од продажба, заклучно 31-ви декември лани, изнесуваа 951.356.000 денари. Поголемиот дел од нив или 741.483.000 денари е остварен на странски пазари, додека остатокот од 209.873.000 денари е реализиран на домашен пазар.

Поврзани вести

РКЕ бара законски измени за поголеми и попрецизни надлежности

msp-admin

Направил штета од 3 милијарди долари, му ја намалиле платата за 36%

Влатко Зорба

Доми комплет – продукт од Еуролинк осигурување што ви овозможува безгрижност секој ден

msp-admin