Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули оваа година, изнесува 27.231 денари, додека во бруто износ е 40.640 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јули 2020 година, во однос на јули 2019 година, е зголемена за 8,5%.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование (12,7%), Информации и комуникации (12,4%) и Дејности на здравствена и социјална заштита (12,3%).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (9,1%), Уметност, забава и рекреација (7,1%) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (6,6%).