СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Нето профитот на „Адидас“ потона за 78% во 2020 година

Германскиот производител на спортска опрема и облека „Адидас“ минатата година оствари нето добивка од 432 милиони евра, што е за 78 проценти помалку отколку во 2019 година. „Адидас“ го припиша падот на профитот на пандемијата „Ковид-19“ и многу затворени продавници ширум светот. Тој најави силно закрепнување оваа година.

Германската групација, која се обидува да ја продаде својата американска подружница „Рибок“, лани оствари 19,8 милијарди евра приход, што е за 16 проценти помалку отколку во 2019 година, пренесува француската новинска агенција АФП.

Продажбата се опорави во повеќето земји во последниот квартал, бидејќи многу продавници беа повторно отворени, кои претходно мораа да бидат затворени поради мерките за контрола на пандемијата. Исклучок е Европа, каде скоро половина од сите продавници на „Адидас“ сè уште беа затворени на крајот на годината.

Сепак, продажбата преку Интернет се зголеми минатата година, во споредба со годината пред тоа, на 53 милијарди евра.

Продажбата на производи со бренд „Адидас“ минатата година падна за 13%, додека продажбата на производите на „Рибок“ падна за 16% во однос на годината пред тоа.

Минатиот месец, германската групација објави дека ќе го продаде „Рибок“, бренд кој го купи во 2006 година од американскиот ривал Nike за 3,1 милијарди евра. И покрај соработката со некои познати имиња од светот на забавата, како што се Викторија Бекам, Карди Би и Ариана Гранде, Рибок не го постигна поставениот раст.

Поврзани вести

И дете може да го вози новиот Citroën Ami (ВИДЕО)

msp-admin

Цените на нафтата паѓаат

msp-admin

„Тотал“ купи 20% од најголемата светска компанија за соларна енергија

Влатко Зорба