KymiRing е најголемото место за мотоспорт и настани во Северна Европа – мрежата ќе покрива 180 хектари површина од патеката.
Nokia треба да имплементира приватна 5G мрежа од индустриско ниво на KymiRing патеката за мото трки во Финска.
Мрежата треба да биде завршена во 2021 година од страна на EDZCOM, европски провајдер на решенија за поврзување со посебна експертиза во емитувањето. Дел е од Cellnex, кој веројатно е попознат по бизнисот со Towerco.
Нови начини на емитување
Извршниот директор на KymiRing, Марку Пиетила изјави: „Со оваа мрежна инвестиција ќе имаме капацитет истовремено да емитуваме пренос во живо на бројни натпреварувачи во исто време. Ништо на патеката нема да остане надвор од покриеноста и се ќе може да се следи и контролира во реално време“.
Договорот вклучува употреба на приватната безжична мрежа Nokia Digital Automation Cloud (DAC) и врвната компјутерска платформа.
„Оваа платформа ја гледаме како одскочна штица за градење на нашиот дигитален бизнис и развој на новите услуги. KymiRing ја избра Nokia за снабдувач на уреди со оглед на нејзината пионерска технологија и безбедност“, додаде Пиетила.
„Големите настани воглавно бараат огромен удел од производните компании, кои пристигнуваат со камиони со кабли и технологија за поддршка. Благодарение на подобрувањата на нашата мрежа, инфраструктурата е комплетирана значително побрзо, бидејќи најголем дел од технологијата е достапна на самата локација“.
Тестна патека за автомобили
Според Пиетилa, дигитализираната патека ќе овозможи трансфер на податоци за тестирање во реално време: „Ќе можеме да испорачуваме податоци за сензори преку мрежата директно до било која дестинација во светот, додека тестираме дури и во тешки услови“.
KymiRing нуди дигитализирани можности за тестирање на брзата Гран-при патека и областите за динамика на возилата – off-road патеки и затворени градски делници во текот на целата година во различни временски услови.
Од следење во реално време до автоматизација
Системите со ниска латентност и голема пропусност на EDZCOM ќе бидат поддржани од различните системи за планирање на ресурсите во претпријатијата (ERP), роботика и автоматизација.
„Мотоспортот има долго наследство да биде на чело на технолошките иновации. KymiRing не е исклучок. Имплементирањето на 5G ќе ја подобри околината за тестирање за автомобилските тимови и радикално ќе го трансформира искуството за гледање на фановите и гледачите“, вели Стефан Литјенс, Генерален директор на Nokia за Ентерпрајз решенија, Cloud и мрежни услуги.