СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Нов проект во Норвешка вреден 325 милиони долари – тунел за бродови

Во западна Норвешка, наскоро треба да започне изградбата на првиот тунел за бродови вреден 325 милиони долари. Се очекува одбрување на финансиски средства за проектот.

Норвешката управа за крајбрежје (Kystverket) предложи тендерската постапка да заврши оваа година, а изградбата да започне следната година. Планот е тунелот да биде во функција во 2025 или 2026 година.

Тунелот ќе биде долг 1,7 километри и доволно голем за товарни и други поголеми бродови. Сепак, бродовите за крстарење нема да можат да се движат низ тунелот, бидејќи се преголеми.

Безбедноста беше првиот приоритет за дизајнерите на тунелот.

Во претходните сто години се разгледуваше можноста за изградба на тунел, со цел да се заобиколи областa Стад изложена на ветрови и океански струи и опасна за навигација.

Според норвешката регионална администрација, Викинзите ги превезувале пловните објекти преку копно за да не мораат да пловат по Стад. Во оваа морска област, неповолните услови за навигација можат да траат неколку дена.

Важноста на изградбата на тунелот ја покажуваат и податоците на една бродска компанија дека 20 проценти од бродовите доцнат поради проблеми во споменатата морска област.

Се претпоставува дека изградбата ќе чини 325 милиони долари, пренесува Форбс.

Поврзани вести

ОКТА го започна третиот квартал од 2019 година со значително зголемена профитабилност

msp-admin

Кои се најбогати жени според „Forbes“ за оваа година?

msp-admin

Дигиталната претпазливост им помага на родителите да ги заштитат децата од можни закани преку Интернет

msp-admin