Уште 4,5 милиони Американци аплицираа за бенефиции за невработеност по кризата предизвикана од коронавирусот.
Министерството за труд на САД соопшти дека во неделата заклучно со 18 април околу 4,427 милиони луѓе за првпат поднеле барање за бенефиции за невработени, што е над претходните очекувања.
Исто така, се тврди дека овие лица се пријавиле за бенефиции за невработеност заради економската криза предизвикана од пандемијата.
Сепак, овој број е намален за 810.000 во однос на претходната недела.
Економистите очекуваа околу 4,2 милиони луѓе да бараат бенефиции за невработеност во неделата што завршува на 18 април.
Изминатите неколку недели се забележува рекорден број на побарувања за бенефиции за невработеност во САД.
Најновите податоци покажуваат дека во Соединетите држави од почетокот на кризата со коронавирус, или во изминатите пет недели, околу 26.453.000 луѓе аплицирале занадомест.
Многу економисти веруваат дека ваквиот развој ќе предизвика огромна штета на пазарот на трудот во САД.
Крис Рупки, економист во „МУФГ“, смета дека треба да биде чудо во овој момент да не се претвори рецесијата во „Голема депресија 2“.
Големата криза, или како што честопати се нарекува Голема економска криза или голема депресија, се имињата на тешкиот колапс на цели национални економии во сите поголеми индустриски држави, што започна во 1929 година и се манифестираше, меѓу другото, со колапс на целиот спектар на економски субјекти, масовна невработеност и дефлација
„Ќе бидат потребни години, а не само со месеци, да се вратат работниците, кои ги загубија своите работни места во ерата на пандемијата, во продавниците, маркетите, фабриките и рестораните низ целата земја. Податоците за невработеност предупредуваат дека најлошото допрва треба да помине за американската економија со деловните субјекти и потрошувачите подеднакво погодени од рецесијата предизвикана од пандемијата“, рече Рупки.