СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Основачот на Spotify ќе инвестира една милијарда евра во европски стартапи

Основачот на стриминг и медиумската платформа, Spotify, Даниел Ек, најави дека ќе инвестира повеќе од милијарда евра од неговите лични пари во европски стартапи за технологија во најраните фази од нивниот развој. Швеѓанецот вети дека ќе инвестира во европски стартапи, во обид да му помогне на пазарот на Стариот континент да стане конкурентен со Силиконската долина.

Ек коментираше дека ќе ги искористи средствата за да прави сериозни вложувања на континентот. Сектори во кои ЕК сака да инвестира вклучуваат здравствена заштита, образование, машинско учење и биотехнологија.

“Сакам да дадам сè од себе. Сите знаеме дека еден од најголемите предизвици е пристапот до капитал. Некои од најголемите светски таленти ја напуштаат Европа, бидејќи не се чувствуваат вреднувани. Потребни ни се повеќе супер компании кои ќе го подигнат скалилото и може да ги инспирираат другите“, рече Ек.

Според Forbes, богатството на Ек вреди 3,6 милијарди долари, што сугерира дека тој е подготвен третина од тоа да го претвори во инвестиции.

Поврзани вести

Петина од компаниите во Германија стравуваат за опстанок

Влатко Зорба

Ангеловска: Реализацијата на буџетот во јули покажува дека заживувањето на економијата се одвива со добра динамика

msp-admin

Наскоро на Европа ќе и требаат 11 милиони нови работници во овие индустрии

Влатко Зорба