СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Петров: Третиот пакет економски мерки ќе овозможи заживување на македонската економија (ВИДЕО)

„Третиот пакет економски мерки ќе овозможи заживување на македонската економија преку директна финансиска поддршка на граѓаните“, соопшти потпретседателот на СДСМ, Коста Петров.

„Ова се мерки за нова, развојна македонска економија, во вредност од 355 милиони евра наменет за 730,000 корисници, кои ќе ја трансформираат нашата економија и ќе ја направат поконкурентна, со тоа што ќе ја зголемат приватната потрошувачка и ќе стимулираат раст и промоција на домашните производи и услуги.

Првиот столб од третиот пакет на економски мерки усвоен од Владата предводена од СДСМ ги опфаќа сите невработени лица, социјално ранливите категории, младите, домаќинствата со ниски примања и медицинските лица“, смета Петров.

Поврзани вести

Huawei ја продолжува гаранцијата за сите свои уреди до 3 месеци

msp-admin

Европската бизнис асоцијација е на располагање за совети или насоки во процесот на дигитализација

msp-admin

Apple Watch продолжува да ја предводи глобалната продажба на паметни часовници

Влатко Зорба