Pfizer веќе продаде 82% од залихите на вакцина за коронавирус на некои од најбогатите земји во светот што предизвика загриженост дека нема да има доволно за луѓето од сиромашните земји.
Фармацевтскиот гигант Pfizer и неговиот германски партнер BioNTech имаат намера да произведат 1,3 милијарди дози во текот на 2021 година, но поголем дел од вакцините однапред се нарачани од Велика Британија, Јапонија, ЕУ и САД. Тие држави, кои купија стотици милиони дози, претставуваат само 14% од глобалната популација.
САД ќе добијат 600 милиони дози, Велика Британија 40 милиони, Јапонија 120, а ЕУ 300 милиони дози.
Анализа на продажбата спроведе групата за здравствена и социјална правда со седиште во Велика Британија Global Justice Now која предупреди дека недостигот на еднаков притап до вакцините на Pfizer загрозува многу животи ширум светот, пишува Independent.
Одвоено истражување кое го спроведе фондацијата Бил и Мелинда Гејтс покажува дека правичната дистрибуција на вакцините против корона вирусот глобално би спречила 61% од смртните случаи, а доколку дозите прво се поделат на богатите земји бројот на смртни случаи би се намалил само за 33%.