Новата црногорска авиокомпанија ќе се вика „2 Montenegro“, најави министерот за капитални инвестиции Младен Бојаниќ и најави дека во неа ќе работат голем број вработени во „Montenegro Airlines“ (МA).
„Montenegro Airlines“ ќе згасне на еден или друг начин, рече Бојаниќ во емисијата „Рефлектор“ на ТВ Вијести, посветена на ситуацијата со црногорската национална авиокомпанија.
„Ќе отвориме нова компанија, ако можеме да ја одржиме „Montenegro Airlines“ добро, ако не можеме, ќе ја претрпиме таа штета неколку месеци. Ќе имаме нова компанија што ќе се води како што треба. Ќе се вика „2 Montenegro“ или во превод „За Црна Гора“, најави Бојаниќ и посочи дека во авионите на новата компанија ќе има повеќе црвено отколку сино.
Тој најави дека голем број вработени во „Montenegro Airlines“ ќе бидат вработени во новата компанија „но не сигурно 350 од нив“.