СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Понудени скоро 2,5 милиони долари за место во веселенскиот брод на Џеф Безос

„Blue Origin“, приватната веселенска компанија на милијардерот Џеф Безос, објави дека моментално највисоката понуда за место во вселенскиот брод на „New Shepard“ е 2,4 милиони долари во вториот круг од аукцијата.

Компанијата соопшти дека примила повеќе од 5.200 понуди од 136 различни земји во првиот круг на аукцијата, чија најголема понуда не беше објавена додека не заврши рундата.

Вториот круг започна со почетна понуда од 1,4 милиони долари, според податоците на веб-страницата на „Blue Origin“. Процесот ќе трае до 10 јуни и ќе заврши во последната фаза на 12 јуни, со онлајн аукција во живо.

Компанијата го избра 20 јули за прв суборбитален лет, пресвртница во конкуренцијата што ќе започне нова ера на приватни комерцијални патувања во вселената.

Ракетата и капсулата „New Shepard“ се дизајнирани за автономен превоз на шест патници на надморска височина од над 100 километри над површината на Земјата.

Во 2018 година, Ројтерс објави дека „Blue Origin“ планира да им наплати на патниците возење од најмалку 200.000 американски долари, што се засноваше на проценка на плановите на ривалот Ричард Бренсон и неговата компанија „Virgin Galactic Holding“, но се чини дека тоа се промени во меѓувреме.

Поврзани вести

„Адмирал“ донираа медицинска опрема во вредност од 20.000 ЕВРА на Општата болница во Гостивар

msp-admin

Кафеани во Виена нудат бесплатен простор за учење

msp-admin

ТРГОВСКА ВОЈНА: Кој сака Huawei да биде забранет за 5G во Германија

msp-admin