СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Повеќе од 19.000 компании БЛОКИРАНИ во Црна Гора

Новата листа на Централната банка на Црна Гора (ЦБЦГ) вклучува вкупно 19.060 блокирани компании, што е за 30 компании повеќе отколку на претходната листа.

Од вкупниот број блокирани компании, 3.700 од нив се наоѓаат во евиденцијата на ЦБМ, а ги нема во Централниот регистар на деловни субјекти, пишува Дневна новине.

„Бројките за идентификација на претприемачите не се објавуваат, бидејќи во Централниот регистар на трансакциски сметки на Централната банка тие се чуваат според единствениот матичен број (ЕМБГ), чие објавување не е во согласност со Законот за заштита на личните податоци“, објасни ЦБЦГ, пренесе порталот ЦДМ.

Обврска на таа институција е да објавува податоци во врска со постапката за присилна наплата во согласност со Законот за платен промет, при што ги објавува имињата на компаниите, односно на претприемачите, нивните матични броеви, износите на блокадите на сметките и бројот на денови на непрекинато блокирање.

Поврзани вести

Податоци вредни 350 милијарди долари се украдени од гејмерите ширум светот во 2020 година

msp-admin

На биткоинот може да му бидат потребни месеци за да се опорави (инфографик)

msp-admin

Производител на душеци им нуди на паровите 3.000 долари за да имаат секс

msp-admin