СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Работа од дома ЗАСЕКОГАШ за 30.000 вработени на „Форд“

„Форд“ најави дека ќе им овозможи на 30.000 вработени ширум светот засекогаш да работат од дома.

Во јули, вработените во „Форд“ ќе можат да се враќаат во канцелариите за работни задачи за кои е потребно присуство на состаноци или за заеднички проекти.

Тие, исто така, можат да изберат да работат од дома, ако станува збор за која било друга задача. Флексибилното работно време за вработените кои работат од дома ќе треба да биде одобрено од менаџерите на „Форд“.

Компанијата, исто така, формира конзорциум кој треба да ги утврди можните сценарија за работа од дома. Во јуни 2020 година, истражувањето на „Форд“ откри дека 95 проценти од нивните вработени би сакале комбинација од работна средина и работа од дома.

Зошто потегот на „Форд“ е значаен?

Откако „Фејсбук“ и другите компании објавија дека размислуваат за овозможување работа од далечина, во автомобилскиот сектор сè уште нема компании, освен „Форд“, кои официјално објавиле дека ваквиот тип на работа станува постојана, барем за дел од нивната работна сила.

„Тојота“ и „Генерал моторс“ најавија дека ќе ги вратат вработените кои работеле од далечина на своите работни места во јуни или јули.

Некои работодавци, како „Таргет“, ги намалуваат работните места. Компанијата ја затвора својата канцеларија во центарот на Минеаполис, поради што вработените сега работат од далечина.

Општиот тренд е дека работата од далечина ќе стане трајна, дури и по пандемијата, покажуваат анализите на страницата за вработување „Indeed“.

Огласите за вработување од далечина се зголемија двојно од почетокот на пандемијата Ковид-19 и овој тренд продолжува.

Ова е невообичаено бидејќи бројот на вакцинирани се зголемува, додека објавувањето на работни места од далечина продолжува да расте.

Поврзани вести

Најголемиот хеџ-фонд во светот ставил облог дека ќе има нова светска економска криза

msp-admin

Exxon, Pzer, Apple и уште 14.000 компании бараат отстранување на Трамп

Влатко Зорба

Brainster ја доби Националната награда за најинвентивна општествено одговорна практика за 2019

msp-admin