СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Ракетата на Маск повторно лета во вселената

НАСА испраќа четворица астронаути на шестмесечна мисија преку капсулата Crew Dragon на SpaceX, компанија на милијардерот Илон Маск.

Ракетата во сабота ќе однесе тројца астронаути на НАСА и еден од Јапонија во меѓународната вселенска станица, што е прва шестмесечна оперативна мисија. Со ова продолжуваат летовите со човечки екипаж од САД по деветгодишен прекин и зависност од Русија.

НАСА официјално ја одобри капсулата Crew Dragon на компанијата SpaceX за превоз на астронаути на редовни линии, оценувајќи ја како безбедна.

Инаку, SpaceX, компанија што ја основаше Илон Маск, претходно успешно ја заврши мисијата во текот на која испрати двајца астронаути кои без никаков проблем заминаа и се вратија без потешкотии.

Со оваа мисија, Crew Dragon ќе стане “такси“ на НАСА, што покажува дека SpaceX е доверлив партнер на американската вселенска агенција.

Поврзани вести

Една петтина од работната сила во Ирска е невработена

Влатко Зорба

Бугарите, Србите, Грците работат по 33 години, а колку работат Македонците?

msp-admin

Германскиот бизнис лут на Меркел поради бавното отворање на економијата

Влатко Зорба