СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Редовна авио линија меѓу Скопје и Киев

На релацијата Скопје-Киев од шести декември (недела) се воведува редовна авиолинија. Новите летови, што се воспоставуваат првпат меѓу Украина и Северна Македонија, ќе ги реализира авиокомпанијата WINDROSE. Летовите 7W791 / 792 ќе се извршуваат секој четврток и недела.

Летовите од аеродромот Бориспиљ ќе се извршуваат со авиони Embraer-145 и ATR72-600. Покрај тоа, истакнуваат од Амбасадата, WINDROSE нуди удобен транзит од регионите на Украина: Харков, Днипро, Одеса и Лавов.

“Постоење на директните летови ќе придонесе за интензивирање на билатералната соработка – зајакнување на бизнис врските, развој на туризмот во двете земји, подобро запознавање на граѓаните на Северна Македонија со Украина и на Украинците со Република Северна Македонија. На овој значаен настан беше посветена средбата на амбасадорката на Украина Наталија Задорожњук со генералниот директор на TAV Macedonia Метин Батак на аеродромот на Скопје на 26 ноември 2020 година“, стои во соопштението, објавено на Фејсбук страницата на Амбасадата на Украина.

На веб-страницата на WINDROSE веќе може да се купат картите и за Киев и за Скопје.

Поврзани вести

Германија значително го зголеми увозот на руски гас

Влатко Зорба

Tesla вреди 6.330 пати повеќе од својот профит

msp-admin

Се продаваат брзи тестови за Ковид во германски супермаркети, пет парчиња за 25 евра

Влатко Зорба