Со посебено законско решение ќе се привлекуваат стратешки инвестиции поголеми од 100 милиони евра за територија на Скопје и соодветно во другите општини. Владата веќе преговара со пет-шест вакви инвеститори на кои имињата се уште не можат да се соопштат, а инвестициите се проценуваат на над две милијарди евра.
– Во процедура е носењето на законот за стратешки инвестиции, кој дава можност за еден транспарентен начин за стратешки инвестиции поголеми од 100 милиони евра на територија на град Скопје, а соодветно и во внатрешноста, да имаме можност преку еден лекс генералис преку законска можност, преку една брза лента, по една транспаретна постапка да доаѓаат големи инвеститори во држвата. Има пет-шест најавени такви во вкупна вредност од над две милијарди евра, во моментов што се преговараат, изјави премиерот Зоран Заев одговорајќи на новинарски прашања на прес-конференцијата денеска во Владата.
Тој додаде дека намерата е после тоа за секоја инвестиција да се оди со лекс специјалис што значи самиот договор да биде закон што Парламентот ќе го одобри за да може да се привлечат ваквите инвестиции.
Премиерот соопшти дека се работи на инфраструктурата во сите индустриски зони, освен во Охрид каде имало проблем со приватно земјиште и дек до крајот на оваа и наредната година ќе почне да се рабоит и на нови ТИРЗ.