Денис Коутс, највисоко платениот извршен директор во Велика Британија и основач на глобалниот бизнис за коцкање, Bet365 Group Ltd., оваа година доби рекордна плата од 323 милиони фунти (422 милиони американски долари).
Коутс си поделила на себе близу 277 милиони фунти за фискалната година до крајот на март 2019 година, според пресметките на Bet365. Тоа претставува зголемување во однос на 220 милиони фунти, што ги заработи минатата година, со што го задржа статусот на највисоко платен извршен директор на Велика Британија.
Во исто време, г-ѓа Коутс зеде половина од вкупната дивиденда на компанијата од 92,5 милиони фунти, бидејќи има 50% удел во водечката компанија за коцкање, остварувајќи вкупно 323 милиони фунти за шефицата, што е еднакво на 1,3 милиони фунти за секој работен ден во финансиската 2019 година и е рекордна плата за извршен директор во Велика Британија.
Основната заработка на Денис Коутс е исто така 9.000 пати поголема од просечната плата во Велика Британија од 29.400 фунти.
Магазинот „Форбс“, од друга страна, ја процени нето вредноста на г-ѓа Коутс на 12,2 милијарди американски долари, што и го дава „скромното“ 244-то место на списокот на милијардери оваа година.
„Bet365 Group“ забележува и дека нето-добивката на компанијата се зголемила за 18% на 685 милиони фунти во фискалната година до крајот на март 2019 година. Оваа година компанијата, исто така, направи донација од 85 милиони фунти на добротворната фондација на својот извршен директор, Денис Коутс, зголемување од 75 милиони фунти донирани на фондацијата минатата година.
Коутс (52) има највисок степен на економетрија при примена на статистички методи во економијата од Универзитетот во Шефилд. Таа првично се обучувала како сметководителка и работела во обложувалниците на нејзиниот татко. Потоа, во 2000 година, со зголемената популарност на коцкањето преку Интернет, Денис Коутс го лансираше Bet365 од зграда на паркинг во близина на едно од местата за обложување на нејзиниот татко.
Компанијата Bet365 е и сопственик на британскиот фудбалски тим Стоук Сити, а нејзиниот татко Питер Коутс е шеф на клубот. Нејзиниот татко исто така е ко-основач на нејзиниот бизнис, додека нејзиниот брат Џон Коутс е ко-претседател на Bet365.
Според интервјуто за британскиот весник „Гардијан“ од 2012 година, г-ѓа Коутс првично не успеала да добие средства од фондови за вложување капитал за да започне свој бизнис. Наместо тоа, таа позајмила пари од семејството и од британската Royal Bank of Scotland.
Самата Денис Коутс посочува дека таа и нејзиното семејство на почетокот на компанијата вложиле „сè“, изјавувајќи дека така станале „најекстремни коцкари“.