СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Швеѓаните забораваат што е готовина

Само 9% од Швеѓаните во последниот шопинг користеле готовина, а пандемијата само го забрза процесот на дигитално плаќање, смета тамошната централна банка.

Употребата на готовина во скандинавската земја се намалува веќе со години, а се проценува дека за 10 до 20 години кованите и хартиените банкноти целосно ќе бидат исфрлени од употреба.

Пред 10 години, 39% од испитаниците за последното купување користеле готовина, а денес тој процент е далеку понизок (9%).

Швеѓаните сè повеќе користат електронско плаќање, вклучувајќи плаќање со картичка и користење на апликации за мобилно плаќање. Во последните 30 дена, според анализата, повеќе од 90% од луѓето во Шведска користеле дебитна картичка за плаќање, а само 50% платиле со готовина.

Пандемијата го забрза трендот на дигитално плаќање, а властите размислуваат за воведување на дигитална валута.

Недостигот од готовина има свои предности, но се поставува прашањето што би се случило ако падне системот, снема интернет или струја. Иако готовината е предмет на фалсификување, таа си има и свои предности во однос на дигиталните валути. Една од нив е тоа што не се потпира на модерни технологии или комплицирана инфраструктура.

Поврзани вести

Samsung ќе гради фабрика од 17 милијарди долари во САД

Влатко Зорба

Јубилеен 10. Фестивал на младото вино во „Тиквеш“

msp-admin

Бензините поскапуваат за 3,5, нафтата за 1,5 денари

msp-admin