СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

За прв пат во ЕУ се регистрирани повеќе електрични отколку дизел возила

Ова е почеток на крајот. Дизел патничките автомобили дефинитивно заминуваат во историјата. Во септември, за прв пат досега, во Европа беа регистрирани повеќе модели на хибридни и електрични автомобили отколку оние на дизел гориво. Volkswagen повторно бележи најголема продажба, но благодарение на своите нови електрични модели, меѓу кои и новиот „ID.3“ забележа неверојатно добар почеток.

Целата 2020 година досега беше бурна на скоро сите полиња. Што се однесува до продажбата на нови возила во Европа во текот на првите девет месеци, таа падна за 29% (вкупно продадени 8,54 милиони единици). Сепак, постојат јасни знаци дека Европа е подготвена за електрична револуција.

Според „Jato Dynamics“, револуцијата е веќе започната.

Имено, обработен е бројот на новорегистрирани возила во септември во 27 европски земји, а добиените резултати покажуваат дека биле регистрирани вкупно повеќе електрифицирани модели (електрични, приклучни хибриди, класични и благи хибриди) од оние на дизел гориво.

Ова е првпат во историјата автомобили со алтернативен погон да се продаваат во поголем број од оние со конвенционален погон. Промената е голема бидејќи пред само пет години дизел возилата беа доминантни во Европа.

Растот на EV моделот за историја

Побарувачката за патнички модели на бензин и дизел покажува двоцифрен пад во споредба со септември минатата година, додека бројот на продадени електрифицирани модели се зголеми за дури 139% на 327.800 примероци, што е рекорд. Во исто време, ова е првпат возила на почист погон да се продаваат во повеќе од 300.000 единици за еден месец.

Почеток на крајот за дизелите

Во исто време, пазарниот удел на дизел возилата забележа рекорден пад од 24,8 во септември.

Пред точно десет години, дизелите сочинуваа 50% од регистрираните автомобили, додека електрифицираните тогаш само 1%.

Според експертите од компанијата Jato Dynamics, ова е најмногу поврзано со државните регулативи, субвенциите и слично, така што луѓето во Европа почнаа да прифаќаат нови технологии.

Ова е особено погодно за некои производители, па така, на пример, Фолксваген успеа да го надмине дизел скандалот од 2015 година и да стане речиси главниот протагонист во новото поглавје на електрификацијата на автомобилот. Минатиот месец германскиот производител продаде 40.300 е-модели во Европа и со тоа стана втората најпродавана EV марка по Тојота.

Како и кај SUV моделите, VW пристигна на пазарот малку доцна во споредба со другите, но понуди многу конкурентни производи кои беа брзо „примени“ и сега станува лидер и во EV сегментот.

Слика на хибридниот пазар

Минатиот месец, хибридите и благите хибриди сочинуваат 53% од вкупниот број на регистрирани електрифицирани модели, што е за 124% повеќе. Тојота и Лексус беа најдоминантни, со 32 процентен удел на пазарот, но понатамошен раст се припишува на Форд, Сузуки, Фиат и БМВ.

По многу силните резултати забележани од Тојота, се издвојуваат „пумата“ на Форд, „фиат 500“ и „фиат панда“ на хибриден погон.

Фолксваген лидер во електричната класа

Меѓу електричните модели, Тесла беше во водство во септември (иако забележа пад од 5%), по што следеа Фолксваген (+ 352%) и Рено (+ 211%). Ако ги погледнеме сите брендови, групацијата Фолксваген во моментов е најпродавана во електричниот сегмент. Исто така, Мерцедес-Бенц беше лидер во класата на „плаг-ин“ хибриди минатиот месец со 22% удел на пазарот, следен од Волво и БМВ.

Поврзани вести

Ангеловска: Со преземните мерките ќе се потрудиме кривата на невработеност да биде што порамна

msp-admin

ФИТР: 158 предлог дигитални решенија за справување со последиците од КОВИД-19 одат во фаза на финална селекција

msp-admin

Петров: Македонија ќе стане нова атрактивна дестинација за дигитални номади

msp-admin