СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

„Скандал Wirecard“: Шефот на германскиот финансиски регулатор е отпуштен

Феликс Хафелд, шеф на германската агенција за финансиски надзор BaFin, ќе ја напушти водечката позиција

Хафелд се најде под притисок поради тоа што не ја забележал измамата на Wirecard, пред оваа компанија за платежни трансакции да пропадне.

„Скандалот со Wirecard покажа дека германскиот финансиски надзор треба да се реорганизира“, се вели во соопштението на Министерството за финансии, пренесе Ројтерс.

Министерството додаде дека одлуката за замена на Хафелд била консензуална и претходела на анализата на Министерството за преструктуирање на агенцијата, која ќе биде презентирана следната недела.

Ова е признание за проблемите во германскиот надзор на компанијата Wirecard, која го започна својот бизнис со обработка на плаќања со картички за коцкање и порнографија пред да стане финтек ѕвезда и конечно – најголемата германска финансиска афера.

Барањата за оставка на Хафелд избувнаа во четвртокот откако BaFin пријави еден од своите вработени кај државните обвинители под сомнение за внатрешно тргување поврзано со Wirecard, непосредно пред банкрот на компанијата.

Хафелд во изјавата на министерството рече дека релевантноста на BaFin се зголемиле за време на неговите шест години претседател на агенцијата.

„Агенцијата сега има и други задачи што треба да ги реши”, додаде тој, посакувајќи му се најдобро на неговиот наследник.

Не е објавено кој ќе го замени Хафелд на функцијата.

Поврзани вести

Вкупниот износ на третата бескаматна кредитна линија „Ковид 3“ за микро и мали претпријатија е 31 милиони евра

msp-admin

Маск: Наскоро тестирање на супербрзиот „Старлинк“ интернет

msp-admin

Шефот на „Нафтогас“: Запирањето на „Северен тек 2“ е прашање на живот или смрт за Украина

Влатко Зорба