СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Словенечка Petrol е најголемата компанија на територијата на поранешна Југославија.

Регионалната аналитичка куќа SeeNews го објави извештајот ТОП 100 ЈИЕ, којшто ги рангира 100-те најголеми компании во регионот на Југоисточна Европа според вкупните приходи.

Со годишен приход од 3,6 милијарди евра, словенечката компанија Petrol е најголемата компанија на територијата на поранешна Југославија.

И втората најголема компанија доаѓа од нафтениот сектор, а тоа е хрватската INA која минатата година остварила приход од 2,9 милијарди евра.

На третото место е Elektroprivreda Srbije (EPS) со околу 2,5 милијарди евра годишни приходи, а на четвртото место е Naftna industrija Srbije (NIS) со приходи од 2,1 милијарди евра.

Може да се види дека тоа се главно компании кои работат во областите трговија, производство на електрична енергија и нафта, телекомуникации и трговски ланци.

Во нашата земја, најголема компанија е Johnson Matthey DOOEL, со приход од околу 1,9 милијарди евра, што е дел од британската компанија, водечки светски производител на катализатори за контрола на емисиите на издувни гасови од возилата.

Најголема црногорска компанија е Elektroprivreda Crne Gore со приход од 337 милиони евра, а со приход од 672 милиони евра во БиХ најголема е компанијата за продажба на нафта и нафтени деривати Holdina.

Поврзани вести

Продажбата на пиво во Европа со голем пад

Влатко Зорба

Германско трио ја престигнува Tesla: Светот ќе ги купува овие електрични возила?

Влатко Зорба

Почина првиот човек на „Самсунг“

msp-admin