СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Станаа милијардери од продажба на заштитни ракавици

Велат „ќе опстане само оној кој знае да се прилагоди“. Светското производство на заштитни ракавици коишто сè повеќе се користат по избивањето на пандемијата, се одвива во Малезија. Оваа земја испорачува 65% заштитни ракавици и поради тоа сега брои најмалку четири милијардери од оваа индустрија.

Двајца од нив го достигнаа тој статус оваа година, поради пандемијата, односно планетарната побарувачка за заштитна опрема. Последен кој се придружи во клубот е Таи Ким Сим од компанијата Supermax Corporation. Неговата нето вредност сега изнесува милијарда долари, соопшти Bloomberg.

Акциите на компанијата која произведува заштитна опрема нагло пораснаа со избивањето на пандемијата и ја претворија оваа азиска нација во главни производители. Најмоќна е Top Glove Corporation, а тука се Hartalega Holdings Bhd и Kossan Rubber Industries Bhd.

“Носењето на ракавици стана норма во различни ситуации, а малопродажбата и призведувачите ќе имаат корист од тоа уште долго време“, вели аналитичарот Волтер Оу.

Поврзани вести

Како се движи животниот стандард на земјите од поранешна Југославија од 90-тите години до денес (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Крај за евтините авионски билети? Се бара забрана на летови од 9,99 евра

Влатко Зорба

Околу 5 милиони работници остануваат без работа во автомобилската индустрија

msp-admin