СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

„Stelantis“ ЗАТВОРА дури 5 погони

Авто-гигантот „Stelantis “, кој сега ги спојува „Пежо“ и „Фиат-Крајслер“, следната недела ќе сопре со производство во пет фабрики во Северна Америка, пренесе Ројтерс.

Погоните се наоѓаат во Илиноис, Мичиген, Мексико и две во Онтарио. Тие градат низа производи за компанијата – од постарите камиони Рам 1500 и модели на Џип до миникомбиња и автомобили Доџ и Крајслер.

Објектите, кои претходно беа дел од „Фиат-Крајслер“, се очекува да бидат затворени од понеделник до почетокот или средината на април, наведува компанијата.

„Stelantis “ продолжува да работи тесно со добавувачите за да ги ублажи ефектите во производството предизвикани од различните проблеми со синџирот на снабдување со кои се соочува нашата индустрија“, рече компанијата во е-пошта до CNBC.

Претставник на „Stelantis“ одби да открие колку помалку автомобили ќе бидат произведени поради оваа присилна суспензија.

Поврзани вести

Alphabet заработи 55,3 милијарди долари во првиот квартал од оваа година

Влатко Зорба

Цените на нафтата се зголемија по неочекуваниот пад на американските залихи

msp-admin

Што ја кочи преселбата на Стопанска банка АД Скопје од ГТЦ?

msp-admin