СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Светската потрошувачка на вино најниска од 2002 година

Светската потрошувачка на вино во 2020 година падна за три проценти во споредба со 2019 година и е на најниско ниво од 2002 година, се вели во извештајот објавен од Меѓународната организација за лозарство и енологија.

„Светската потрошувачка на вино во 2020 година се проценува на 234 милиони хектолитри, што е за три проценти помалку од 2019 година и е најниско ниво на потрошувачка од 2002 година“, се вели во извештајот.

Во исто време, светското производство на вино се зголеми за еден процент во споредба со 2019 година и достигна 260 милиони хектолитри.

Според експертите, падот на потрошувачката на вино беше под влијание на пандемијата „Ковид-19“, што ги принуди властите на разни земји да затворат барови и ресторани и да го ограничат влезот на туристи.

Потрошувачката паднала најмногу во Кина, со 17,4 проценти и во Јужна Африка, со 19,4 проценти.

Падот на површината, производството и потрошувачката на вино во Кина, веројатно ќе сигнализира пад на стапката на брз раст на пазарот на вино, што започна пред 20 години, се вели во извештајот.

Поврзани вести

Нов проект во Норвешка вреден 325 милиони долари – тунел за бродови

Влатко Зорба

Нето платата во јули била 27.231 денар

msp-admin

Тесла веќе заработи повеќе од биткоин отколку од електрични возила

Влатко Зорба