СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Технолошките лидери ја слават победата на Бајден

Директорите и извршните директори во Силиконската долина му честитаа на избраниот претседател Џо Бајден и новоизбраната потпретседателка Камала Харис на победата на претседателските избори во САД во саботата.

Извршниот директор на Амазон, Џеф Безос, преку објава на Инстаграм ја прослави победата на Бајден и Харис. Безос рече дека нивната победа значи дека „единството, емпатијата и пристојноста не се карактерни црти за една одмината ера“.

Безос имаше многу комплицирана врска со претседателот Доналд Трамп во текот на целиот мандат. Трамп постојано беше мета на Безос за неговата сопственост на „Вашингтон пост“, даночните практики на „Амазон“ и поврзаноста на компанијата со поштенските услуги.

Основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, кој беше отворен критичар на одговорот на Трамп на коронавирусот, рече дека со нетрпение очекува „да работи со новата администрација и лидерите во двата Конгреса за ставање под контрола на растечката пандемија“.

Претседателот на Мајкрософт, Бред Смит, во блог ги поздрави Бајден и Харис, притоа повикувајќи на единство низ целата земја. „Ако сакаме да одиме напред како нација, треба да изградиме нови мостови за да ги пополниме празнините што не делат“, рече Смит.

Извршниот директор на Фејсбук Шерил Сандберг и Присила Чан, сопругата на извршниот директор на социјалната мрежа – Марк Закерберг и коосновач на иницијативата „Chan Zuckerberg“, ја поздравија Харис за нејзината историска победа, со што станаа првата црнокожа жена избрана за потпретседател

„За неколку долги дена, веќе знаеме дека Џо Бајден ќе биде нашиот следен претседател – и за прв пат по 231 години, нашиот следен потпретседател ќе биде црна и јужноазиска жена, ќерка на имигранти“, напиша Сандерс на Фејсбук. „Има моменти кога Америка прави голем чекор кон создавање влада што ја рефлектира разновидната состојба во која се наоѓаме. Денес е еден од тие денови“, истакна таа.

Лорен Пауел Џобс, основач на „Емерсон колектив“ и вдовица на основачот на „Епл“ – Стив sобс, исто така со твит ја прослави победата на Бајден и Харис, истакнувајќи дека со изборот на потпретседателката претставува „еднаш и засекогаш скршен стаклен таван“ (Стаклениот таван е форма на родова дискриминација во однос на правото на работа. Тоа е група на „невидливи“ бариери).

Извршниот директор на „Циско“, Чак Робинс објави на Твитер дека неговата компанија се придржува кон „уверувањето на Бајден и Харис дека треба да изградиме поинклузивна иднина за сите“.

Извршниот директор на „Box“, Арон Леви во серија твитови ја прослави победата на Бајден и Харис. Леви додаде дека нивната победа ќе биде „прекрасна за американската конкурентност“.

„И покрај тоа што Бајден не може да направи ништо магично, тоа е поентата“, рече Леви. На бизнисот му е потребна стабилност на пазарот, глобални трговски односи кои не се менуваат поради каприц, привлекување таленти од секаде, долгорочно планирање и недостаток на постојано одвлекување внимание“.

Стив Кејс, извршен директор на „Револушн“ и коосновач на „АОЛ“, рече дека е „задоволен“ што Бајден е избран за 46. претседател на САД.

Поврзани вести

Кина и наметна на „Алибаба“ да продаде дел од сопствените медиумски средства

Влатко Зорба

iPhone 5G ќе биде претставен на 15 септември

msp-admin

Скопје ќе добие нов центар за логистички услуги, се отвораат 90 работни места