Стандард
КОМПАНИИ

Tesla создава своја социјална мрежа

Tesla ќе ја запре форум секцијата на својата веб-страница и ќе создаде нова социјална мрежа наречена Tesla Engagement Platform, објави Techcrunch.

Првата фаза од оваа транзиција ќе започне во средината на месецот, кога корисниците на компанијата нема да можат да објавуваат на нејзините форуми.

Наместо тоа, производителот на електрични автомобили ги кани да го продолжат дијалогот на engage.tesla.com.

Но, барем засега, оваа социјална мрежа веројатно не е баш онаква каква што очекуваат нејзините корисници. Се чини дека нејзините клиенти ќе можат едноставно да коментираат публикации поврзани со јавната политика на компанијата и најновите новости околу неа, како што е фондот за прибирање средства за поддршка на Тексас и слично.

„Engage Tesla е нова платформа и за тимот за јавни политики на компанијата и за клубовите на сопствениците на електрични автомобили“, гласи првиот пост на новата веб-страница.

„Неговата цел е да создаде дигитален дом за целата наша работа и да им помогне на сопствениците на Tesla да ги научат новостите околу компанијата, да преземат значајни активности и да останат поврзани.

Сепак, коментарите под овој пост не се многу позитивни за новата кампања на производителот на електрични автомобили.

“Не запирајте ги форумите. Ова не е замена за нив. Форумите предизвикаа важни дискусии и ни помогнаа на нас сопствениците да ноиме информирани одлуки“, гласи еден од коментарите, а повеќето имаат сличен став кон темата.

Постојат многу форуми насочени кон Tesla на Интернет, но веројатната причина за запирање на корпоративниот е затоа што компанијата нема доволно ресурси модераторите да бришат спам и трол коментарите во него, посочува „The Verge“, повикувајќи се на извор со „внатрешна информација“

Поврзани вести

Еврозоната повторно погодена од рецесија

Влатко Зорба

Георгиева: Пандемијата ќе ја зголеми нееднаквоста во Европа

Влатко Зорба

„МојДДВ“ во вториот квартал: Кај граѓаните се враќаат 5 милиони евра

msp-admin
error: Превземањето на содржина без дозвола од авторот е дело казниво со закон!!!