СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

„ТикТок“ ги отфрла обвинувањата на САД за безбедносен проблем

Кинеската апликација „ТикТок“ денес ја осуди американската одлука за забрана за нејзино работење во САД, наведувајќи дека ги дава сите гаранции во однос на почитта на американските корисници.

„Ние не се согласуваме со одлуката на Министерството за трговија и разочарани сме што од недела тие блокираат преземање на нови апликации и забрануваат употреба на апликацијата „ТикТок“ во САД од 12 ноември“, изјави портпаролот за „Франс прес“.

Министерството за трговија на САД објави дека од недела, кинеските апликации „ТикТок“ и „Вичет“ ќе бидат забранети во американските продавници за апликации или платформи, бидејќи, според претседателот Доналд Трамп, тие ја загрозуваат националната безбедност и можат да се користат за пренесување на податоци до Кина.

„Вичет“ практично се затвора во САД во недела, но луѓето кои имаат „ТикТок“ сепак ќе можат да го користат до 12 ноември, кога апликацијата ќе треба да достави дополнителни безбедносни гаранции, а ако не, дефинитивно ќе биде затворена во САД.

Портпаролот на „ТикТок“ рече дека во нивниот предлог тие веќе се обврзале кон американската администрација на „невидено ниво“ за дополнителна транспарентност и отчетност, далеку повеќе од она што другите апликации се подготвени да го направат.

Таа ја посочи можноста трета страна да ја проверува безбедноста на кодирањето и за дозволен надзор на американската влада.

„Покрај тоа, американската технолошка компанија ќе биде задолжена за одржување и користење на мрежата „ТикТок“ во САД, што ќе ги вклучува сите услуги и податоци поврзани со американски корисници“, рече портпаролката.

Таа исто така рече дека мрежата е посветена на заштита на приватноста на корисниците.

Таа истакна дека кинеската групација ќе продолжи да го оспорува „неправедниот“ извршен декрет усвоен од претседателот Доналд Трамп во август.

На почетокот на август, претседателот Трамп му постави ултиматум на „ТикТок“, обвинувајќи го за индустриска шпионажа во име на Пекинг, иако не даде опипливи докази за тоа. Тој и даде рок на матичната група „БајтДенс“ до 20 септември да ги предаде операциите на ТикТок на американско тло на американска компанија.

Во тек се преговори со калифорниската група „Оракл“ и евентуално „Валмарт“.

Поврзани вести

Српски функционер: Заработувам над 30.000 € месечно, но мене пари не ми требаат

Влатко Зорба

Xiaomi ги тужи Пентагон и Министерството за финансии на САД

Влатко Зорба

Tesla доаѓа во Хрватска и бара работници

msp-admin