СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Трошиме цел саат за спуштање филм од Интернет, а некаде тоа е готово за 2 минути

Жител на Лихтенштајн на симнување филм од 5GB троши само две минути, додека еден Македонец за истиот филм ќе треба да почека скоро цел саат. Од таа причина, Лихтенштајн е на врвот, а земјава е 109-та од 221 земја и региони во светот по брзина на интернет, покажува истражувањето на Worldwide Broadband Speed League, објавено во Cable.co.uk.

Освен Лихтенштајн, со голема брзина на широкопојасната мрежа може да се пофалат и: островот што се наоѓа меѓу Франција и Велика Британија – Џерси, Андора, Гибралтар и Луксембург.

Од земјите во регионот со најбрз интернет може да се пофали Словенија, којашто се најде на 24-то место. За илустрација, филм од 5GB во оваа земја се спушта за нешто повеќе од 10 минути, благодарение на брзината од 65,46 mbps (megabits per second). Потоа следуваат: Бугарија (39-то место), Хрватска (52-ра), Грција (61-во место), Црна Гора (63-та), Србија (65-то место), Косово (73-та позиција), Босна и Херцеговина (88-ма) и Албанија (104-то место).

Македонија е најлошо позиционирана од земјите во регионот со брзина на интернетот од 11,48 mbps.

На дното на листата се најдоа: Јужен Судан, Јемен, Туркменистан, Екваторијална Гвајана и Сириска Арапска Република. Во овие земји еден филм од 5GB се симнува од 19 до 15 часа.

Поврзани вести

ЕУ го рангира Huawei меѓу трите најдобри глобални иноватори

Никола Поповски

Бонтон за видео конференција од дома

msp-admin

Над 144 милиони долари од извоз на автоделови од земјава