СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Трамп: Ќе воведеме царини за сите компании кои ќе заминат од САД

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата администрација, доколку биде реизбран, ќе воведе царини за секоја компанија што ќе ги напушти Соединетите Американски Држави за да отворат работни места во друга држава.

– Ние ќе воведеме царини на секоја компанија што ќе ја напушти Америка за да создаде работни места во странство, рече Трамп синоќа во говорот на Републиканската национална конвенција, на која ја прифати кандидатурата за претседателските избори.

Тој вети дека ќе направат се компаниите и работните места да останат во САД.

– Програмата на Џо Бајден е направена во Кина. Мојата агенда е направена во Соединетите Американски Држави, рече Трамп.

Во мај, тој се закани дека ќе наметне нови даноци на американските компании кои произведуваат стоки надвор од САД. 

Поврзани вести

Хрватка има 27 години, а веќе „врти“ милијарди

msp-admin

Се бараат градежници, техничари, работници во услужните дејности…Слободни 9000 работни места

Берта Китинска

Поранешен банкар на „Голдман Сакс“ доаѓа на чело на Би-Би-Си

Влатко Зорба