СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Тужба за Fiat поради измама при јавни набавки

Против компанијата FCA (Fiat Chrysler Automobiles), сопственост на италијанското семејство Ањели е поднесена тужба за измама при јавни набавки.

Според весникот „Ил манифесто“, постои сомневање дека произведувала маски за лице со недоволна заштита.

Во деловите од фабриката на компанијата, каде порано се изработуваа делови за автомобилската индустрија „Fiat“, а кои сопственикот имаше намера да ги затвори поради пандемијата „Ковид-19“, започна производството на неколку видови заштитни маски.

Компанијата ја доби дозволата откако до Вишиот здравствен институт достав потврда дека „презема одговорност за фактот дека произведените маски ги исполнуваат сите потребни барања за техничка заштита“.

Во погоните на поранешниот „Fiat“ се произведуваат 11 милиони на ден, 5 различни видови маски, делумно наменети за деца и делумно за возрасни.

По повторените забелешки од корисниците на маските, независниот синдикат UsB ги даде маските за анализа со цел да утврдат дали одговараат на основната цел, дали го штитат носителот или дали го филтрираат воздухот во согласност со прописите.

Анализата утврди дека производителот доставувал маски кои не ги исполнуваат техничките барања и дека моќноста на филтрацијата, односно прочистувањето, е помала од пропишаната.

„Тоа е тежок прекршок, бидејќи маските се наменети за заштита на малолетници. И затоа ќе побараме од обвинителството да го испита случајот по итна постапка и доколку наводите во тужбата се покажат точни, да преземе соодветни мерки“, рече адвокатот Артуро Салерини, кој ги застапува обвинителите.

Поврзани вести

Германскиот нацрт закон за информатичка безбедност се стреми кон консензус за ризиците на продавачите на телекомуникациска опрема

msp-admin

Арсовска: Претпријатијата се ‘рбет на економијата и им треба поддршка

msp-admin

Индустриска комора: Усогласување на царинскиот тарифник со ЕУ

msp-admin