СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Твитер забранува политички огласи

Компанијата „Твитер“ денеска сооппшти дека ќе ги забрани сите видови на политичко огласување на друштвената мрежа ширум светот.

Извршниот директор Џек Дорси навел дека на Твитер дофат до ваквите пораки „треба да биде заслужен, а не купен“, пренесува BBC.

Како една од главните причини за носењето на ваква радикална одлука е, како што пишал Дорси, што политичката порака има дофат кога луѓето ќе одлучат да заследат некој профил или да ретвитнат.

„Плаќањето за дофат ја отстранува таквата одлука и им наметнува на луѓето многу оптимизирани и насочени политички пораки. Веруваме дека одлуката не треба да биде компромитирана со пари“, истакна директорот на Твитер.

Тој изјави дека политичките реклами на Интернет претставуваат нов предизвик за граѓанскиот дискурс пред се заради оптимизираните пораки насочени кон микро-цели, непроверени информации и бројни лаги.

„Не станува збор за слобода на изразување. Станува збор за плаќање за достигнување. Плаќањето за зголемување на опсегот на политичките говори има значајни последици со кои денешната демократска инфраструктура можеби не е подготвена да се справи со тоа. Вреди да се направи чекор назад за решавање на проблемот“, заклучи Џек Дорси во најновиот твит за новата одлука на интернет гигантот.

Спроведувањето на новата деловна политика ќе започне на 22 ноември, додека повеќе детали за забраната на компанијата ќе бидат објавени на 15 ноември.

Поврзани вести

Објавени цените на вакцините против КОВИД-19

msp-admin

СИПРИ: 2.000 милијарди долари потрошени за вооружување во 2020 година

Влатко Зорба

Дешифрирање мејлови: Што значи кога колега ќе ти напише „однапред благодарам“

msp-admin