СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Virgin Galactic е првата компанија за вселенски туризам која излезе на берзата

Приватниот вселенски туризам ќе стане јавен.

Акционерите го одобрија спојувањето на „Virgin Galactic“ со една од компаниите на Чамат Палихапитија, која ја насочува компанијата за вселенски туризам директно на берзата во Њујорк во понеделник, пренесува CNBC.

„Virgin Galactic пишува историја, станувајќи прва и единствена компанија за вселенско патување во светот, која излегува на берза. За прв пат, секој ќе има можност да инвестира во компанија за човечки вселенски летови, која го трансформира пазарот“, прокоментира извршниот директор Џорџ Вајтсајдс.

Спојувањето беше објавено во јули. Social Capital Hedosophia на Палихапитија зема 49% удел од акциите во Virgin Galactic. Договорот и дава на новата компанија вкупна проценка од 1,5 милијарди долари. Останатите 51% остануваат во рацете на основачот на Virgin Galactic, Сер Ричард Бренсон.

Компанијата на Палихапитија сега е котирана на њујоршката берза под симболот „IPOA“. Од понеделник, акциите на новата организација ќе бидат понудени под името „SPCE“ на њујоршката берза.

Бренсон во интервју за CNBC минатата недела изјави дека претстои деби на Virgin Galactic на берзата.

Вселенското летало „Virgin Galactic“ може да носи шест лица и двајца пилоти. Билетот за единечен лет е околу 250.000 американски долари по човек, а компанијата веќе има список од 603 лица кои изразија желба да летаат со него.

Поврзани вести

Square стекна мнозински удел во компанија на Џеј Зи

Влатко Зорба

„Форбс“: Кинеските електрични автомобили ќе станат глобално доминантни

msp-admin

Ангеловска: Реализацијата на буџетот во јули покажува дека заживувањето на економијата се одвива со добра динамика

msp-admin