СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Во 2020 година ќе бидат испорачани 278 милиони 5G телефони

Револуцијата на 5G во светот на телефоните се вжештува, а Кина е лидер во примената на мрежата и достапноста на телефоните. Според аналитичката компанија Canalys, во текот на 2020 година ќе бидат испорачани 278 милиони телефони со поддршка за 5G. Од оваа бројка, 62% од телефоните (172 милиони) ќе бидат испорачани на кинескиот пазар.

Предвидувањата за овој пазар во текот на 2021 година сугерираат дека бројот на 5G телефони ширум светот ќе се зголеми скоро двојно, а сите поголеми региони ќе забележат раст на вкупната продажба.

Производителите ќе продолжат да го пласираат 5G уредот дури и на пазарите каде мрежата од следната генерација не е целосно развиена и каде кинеските компании рапидно се шират. Ова ќе им даде предност во однос на потенцијалната конкуренција, особено ако се знае дека Samsung е единствената голема некинеска компанија која нуди 5G уреди.

Huawei се очекува да биде поголем играч во областа на прифаќање на 5G телефони, и покрај проблемите со кои се соочува компанијата во моментов. Постојат и други кинески производители, како што се Xiaomi, Oppo, TCL и други.

Се предвидува дека во текот на 2021 година, просечната цена на 5G телефон ќе падне на 765 долари, а дека до 2024 година, цената ќе биде околу 477 долари.

Поврзани вести

Кинеската економија ќе порасне за 7,9% во 2021 година

Влатко Зорба

Електричен или бензински автомобил – што е поевтино?

Влатко Зорба

Аналитичар: VW ќе ја земе круната од Tesla кај електричните автомобили до 2025 година

Влатко Зорба