СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Во време на криза: Walmart вработува 5.000 луѓе дневно

Американскиот трговски ланец Walmart соопшти дека вработува околу 5.000 луѓе дневно, обидувајќи се да се избори со зголемената побарувачка предизвикана од коронавирусот.

Извршниот директор на Walmart за корпорациски работи, Ден Барлет рече дека компанијата вработила скоро 50.000 нови работници од 19 март, кога од оваа компанија најавија дека имаат во план до мај да вработат уште 150.000 работници.

“Рековме дека имаме цел да вработиме 150.000 работници. Меѓутоа, многу лесно можеме и да ја надминеме оваа цифра. Добро ни оди засега“, рече Барлет.

За да го забрза процесот на вработување на работници за клучни позиции како што се касиери и магационери, Walmart процесот кој инаку трае и по две недели го скратил на 24 часа. Исто така интервјуата ги прават онлајн за да го забрзаат целиот процес.

Уште еден гигант најави дека ќе вработи 100.000 работници, а тоа е Amazon. Нивниот портпарол Џеј Карни рече дека компанијата примила повеќе од 50.000 пријави во првите 24 часа од објавата дека примаат нови работници.

Поврзани вести

Huawei ID го доби Европскиот печат на приватност за Европа и ЕЕЗ

msp-admin

Производител на душеци им нуди на паровите 3.000 долари за да имаат секс

msp-admin

Алкалоид успешно влезе во SAP HANA системот