СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Добрите момци од Волстрит не ја изградија Америка, рече Бајден

Време е корпоративната Америка и еден процент од најбогатите Американци да го платат својот фер удел, рече американскиот претседател Џо Бајден во обраќањето пред Конгресот по повод неговите први 100 дена во Белата куќа. Тој најави зголемување на даноците за богатите, со цел да се финансираат амбициозни планови во износ од над 4.000 милијарди долари.

Откако претходно го претставија планот за инфраструктура вреден околу 2,3 трилиони американски долари, Бајден во четвртокот (CET) зборуваше за 1,8 трилиони американски долари тежок семеен план, кој во основа треба да обезбеди поширок пристап до образование, да ги намали трошоците за грижа на децата и да го поддржи вработувањето на жените, пренесе Њујорк тајмс .

„Америка е повторно на потег“, рече американскиот претседател, додавајќи дека текот на пандемијата во земјата е обратна и опасноста се претвора во можност, а кризата во можност. Тој ги предупреди најбогатите Американци да очекуваат дека ќе сносат поголем товар за финансирање на напредокот на државата. Бајден истакна дека неговите предлози се фер и фискално одговорни и дека работата ќе биде наградена, а не богатството.

Според него, највисоката стапка на личен доход ќе биде 39,6 проценти за оние кои заработуваат повеќе од 400.000 долари годишно, а со иста стапка, капиталните добивки ќе се оданочуваат за оние кои заработуваат еден милион и повеќе долари годишно. Даночните олеснувања за управителите на фондовите исто така ќе бидат укинати, а Управата за внатрешни приходи интензивно ќе истражува за затајување данок.

Бајден посочи дека програмите, кои, како што рече, ќе бидат делумно финансирани со зголемување на даноците, ќе создадат милиони работни места и ќе ја зајакнат економијата. Говорејќи за планот за инфраструктура, кој треба да се финансира со зголемување на данокот на капитална добивка, тој изјави дека тоа е план за градење на Америка, како и дека 90% од работните места што би се создале од него не бараат универзитетска диплома.

Споменувајќи ги „добрите момци и жени од Волстрит“, американскиот претседател рече дека Волстрит не ја изгради Америка. „Средната класа ја изгради земјата, а синдикатите ја изградија средната класа“, рече Бајден, додавајќи дека „Америка повторно е на потег“ и дека по 100 дена спасување и реконструкција, таа е подготвена да „полета“ повторно

Републиканските конгресмени веќе го отфрлија планот за инфраструктура како премногу скап. Претседателот смета дека неговите планови за трошење, кои во голема мерка се популарни кај американските граѓани, ќе ги убедат републиканците во Конгресот да соработуваат со Белата куќа, пренесуваат американските медиуми.

Поврзани вести

Од 2022 година сите нови автомобили во ЕУ ќе имаат црна кутија

Влатко Зорба

Американската влада го тужи Facebook за монопол

msp-admin

Стабилизација на извозот и увозот на европски производи во ноември 2020 година

Влатко Зорба