СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Корисниците масовно го бришат WhatsApp, компанијата ги одлага најавените измени

Деновиве има многу полемики за апликацијата WhatsApp и за нејзините нови, построги услови за работење, т.е. употреба, што наиде на осуда.

Имено, крајниот рок за промена на правилата – кои се однесуваат на пристап до телефонскиот број и локацијата на корисникот – беше 8 февруари, но компанијата објави дека ќе ги одложи промените за три месеци.

Одлуката дојде откако многу корисници ја избришаа апликацијата, од страв дека WhatsApp може да ги сподели своите податоци со Facebook, нејзината матична компанија.

Повеќе од половина милион Американци ја презедоа апликацијата „Telegram“, исто така сè попопуларната „Signal“, што ја спомена милијардерот Елон Маск на својот профил на „Twitter“.

Значи, сега е сигурно дека WhatsApp нема да воведе промени пред 15 мај, но останува да видиме дали ова може да влијае на мислењето на корисниците и што е поентата на доцнењето?

Ројтерс пишува дека на тој начин, американската платформа сака да спречи масовна транзиција кон конкурентски компании, а WhatsApp исто така објави дека ажурирањето нема да влијае на споделување на повеќе податоци со Facebook.

Како што истакнаа, промените се повеќе насочени кон помагање на другите компании за подобра комуникација со клиентите преку таа платформа. Во изјавата за блогот, тие истакнаа: „Знаеме дека постоеше забуна и дезинформација за тоа ажурирање и сакаме да ги објасниме нашите принципи и факти“.

Разговорите и преписката на WhatsApp, како и локацијата и телефонскиот именик, треба да останат криптирани, така што ниту Facebook ниту WhatsApp не можат да користат приватни информации.

И, нашите граѓани започнаа да се свртуваат кон алтернативни апликации во голем број, меѓу кои е и споменатиот „Signal“.

Поврзани вести

Огромен пад на продажбата на автомобили во Германија

Влатко Зорба

Над 40% од невработените во земјава се жени

msp-admin

Поскапуваат горивата – „еуросупер 95“ за три, а „еуросупер 98“ и еуродизелот за 2,5 денари

msp-admin