СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Sony за само пет месеци продаде 7,8 милиони PS5 конзоли

Побарувачката за новите PS5 конзоли е сè уште значително поголема од испораките, така што пазарот сè уште има недостиг, иако Sony најави значително забрзување на производството.

За само пет месеци од излегувањето на продажбата на конзолите, Sony успеа да продаде повеќе од 7,8 милиони единици и покрај сите проблеми во испораката, а 3,3 милиони беа испорачани во периодот од јануари до март оваа година.

Извештајот на „Sony“ укажува и на милион продадени конзоли PS4 кои сè уште се во фокусот на интересот на многу гејмери, иако немаше значително намалување на цената, што се очекуваше со месеци.

Во моментов има околу 47,6 милиони претплатници на „PlayStation Plus“ ширум светот, а „Sony“ истакнува дека во последните три месеци бележи 109 милиони корисници на PlayStation Network.

Иако продажбата на игри падна по Божиќните и Новогодишните празници, мноштво наслови беа продадени во дигитална форма, што е исто така една од последиците на заклучувањето и играчите да останат дома.

„Sony“ се уште е загрижена само за тоа како да го произведе PS5 во доволни количини бидејќи нејзината гејминг дивизија веќе оствари убав профит од 983 милиони долари.

Поврзани вести

ФЕД одлучи да ги задржи каматните стапки близу до нула

Влатко Зорба

Apple ја врати круната на пазарот на паметни телефони

Влатко Зорба

Како да се реши проблемот со отпадот во општините?

msp-admin