СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Vodafone Германија е прв европски оператор кој лансираше самостојна 5G мрежа

Кога зборуваме за 5G, премногу е лесно да се заборави дека поголем дел од примената на новата технологија низ светот и натаму во голема мера е поддржана од 4G спектарот. Иако ова им овозможи на многу оператори да воведат 5G во далеку поголем обем отколку што инаку би било можно, овој 5G (без SA) не може да пружи ултра ниска латенција и значително зголемен капацитет што го бараат некои од понапредните случаи на употреба на 5G.

За тоа на операторите ќе им треба SA 5G и сега, по ажурирање на околу 1.000 локации, операторот Vodafone Германија објави дека ја активирал првата комерцијална SA 5G мрежа во Европа.

Vodafone Германија, во соработка со Ericsson, Qualcomm и Oppo, ги надгради сите свои мобилни локации во опсег од 3,5 GHz, префрлувајќи ги на независна 5G мрежа, која повеќе не се потпира на 4G. Овој потег ќе овозможи SA 5G да се доживее во околу 170 градови и општини, вклучувајќи ги и големите градови како Берлин, Франкфурт, Хамбург, Минхен и Дизелдорф.

„Го расчистуваме патот за поврзување во реално време. 5G првпат стои на свои нозе во Германија“, изјави Извршниот директор на Vodafone Германија, Ханс Аметрајтер. „Ние сме првиот мрежен оператор кој ја остави на страна LTE поддршката за 5G – не за интерните тестови, туку за нашите клиенти, кои можат да доживеат искуство на конекција во реално време“

Предностите на SA 5G се очигледни, а Vodafone истакнува дека овој потег ќе овозможи околу десет пати поголема количина на луѓе и машини истовремено да бидат поврзани на километар квадратен. Понатаму, латенцијата ќе биде значително намалена, со тоа што првите локации ќе нудат латенција од 10-15ms во споредба со 35ms на 5G мрежите без SA.

„[Поврзување] брзо како и човечкиот нервен систем“, забележа Генералниот директор (CTO) на Vodafone Германија, Герхард Мек.
Понатамошните надградби на локациите се планирани во текот на следните месеци, а до крајот на 2021. година ќе има околу 4000 локации поврзани на SA 5G мрежата.

Поврзани вести

Како компаниите го искористија Берни? (ФОТО)

Влатко Зорба

Државните нафтени компании може да потрошат 400 милијарди долари во енергетската транзиција

Влатко Зорба

Трамп најави дека ќе го забрани TikTok во САД

msp-admin