СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Nike претстави PG PlayStation 5 патики

Откако беа објавени на Инстаграм во март, новите патики на Nike, инспирирани од конзолата PlayStation 5 и потпишани со името на кошаркарот Пол Џорџ, пристигнуваат во продавниците. Џорџ официјално ги претстави овие патики (читај, носеше) на последниот натпревар на Л.А. Клиперс.

Nike и Sony работеа заедно на дизајнот на патиките уште пред официјално да биде претставен PS5. Бојата на патиките е инспирирана од индустрискиот дизајн на конзолата PS5, со ознаки на Playstation (круг, квадрат, крст и триаголник) втиснати во материјалот. Логото на PlayStation е на десната патика, додека логото на Пол Џорџ, PG, е на левата патика. Во одредени држави, овие патики ќе бидат достапни за продажба од 14 мај, додека во Северна Америка ќе бидат достапни од 27 мај, по цена од околу 120 долари.

Засега нема информации колку парови од овие патики ќе пушти Nike, но без оглед на количината, судејќи според брзината на продажбата на конзолата PlayStation, веруваме дека ќе има голем интерес и за овие патики .

Поврзани вести

Гејтс прими вакцина против Ковид-19: „Се чуствувам одлично…“ (ФОТО)

Влатко Зорба

Грција се надева на добра туристичка сезона

Ова може да биде причина зошто никогаш не ве повикуваат по интервју за работа

Влатко Зорба