СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Вработени во Google: Не работиме од дома, туку живееме на работа

Работата од дома има свои предности, но и недостатоци, за што се доказ и вработените во Силиконската долина. Според неодамнешното истражување на апликацијата Blind, 68% од вработените повеќе “прегоруваат“ додека работат од дома, одошто кога се во канцеларија, пренесува Business Insider.

Исто такво истражување, Blind спроведе и во февруари оваа година, кога процентот на “прегорени“ од работа биле 61% од испитаниците.

Најголем процент на “прегорени“ од работа имаат Google (79%) и Facebook (81%).

Иако работата од дома, посебно во услови на пандемија, има бројни предности, некои истражувања покажуваат дека работното време е продолжено за повеќе од час и половина, а луѓето бидејќи се дома, немаат ред и работат многу повеќе одошто кога се во канцеларија.

Истражувањето на Blind, исто така, покажува дека 60% од 3.023 испитаници работат многу повеќе часови дневно за разлика од времето поминато на работа пред пандемијата, а најизразено е тоа во Amazon (67%) и Microsoft (70%).

Поврзани вести

Римац откри како направил „автомобил без возач“ (ВИДЕО)

Влатко Зорба

„Aдмирал“ донираа медицинска опрема во вредност од 20.000 евра на општа болница во Гостивар

msp-admin

Димковски: Пандемијата од коронавирусот ги покачи откупните цени на оризот

msp-admin