Стандард
КОМПАНИИ

Земете ја академската иднина во свои раце

Во време кога високото образование е речиси неопходно за успешна кариера, изборот на факултет е веројатно една од најважните одлуки, затоа што правилниот и вистинскиот избор може да биде и вистинска отскочна даска за постигнување успех. Токму затоа треба да се направи проценка на кој универзитет да се продолжи, да се разгледаат условите кои ги нудат различните институции во поглед на наставата и професорскиот кадар, начинот на работа, но и на можностите кои тој ги нуди за праксата и идното вработување, и да се направи правилен избор.

Универзитетот што се издвојува е Меѓународниот Балкански Универзитет (МБУ) кој има широк спектар на студиски програми организирани на седум факултети: Правен Факултет, Факултет за уметност и дизајн, Факултет за комуникации, Факултет за економија и административни науки, Инженерски факултет, Факултет за образование и Факултет за хуманост и општествени науки. Поради сите предности, овој Универзитет е прогласен и за најдобар во Северна Македонија според Шангајската листа на универзитети.

МБУ е единствениот универзитет во Северна Македонија каде наставниот и административниот јазик на комуникација е англиски, а со тоа, секој студент по завршувањето на студиите добива шанса за меѓународна кариера. Предавањата се оддржуваат во модерни и најсовремено опремени амфитеатри кои соодветствуваат на глобалните едукативни стандарди.

Универзитетот располага со лаборатории, компјутерски лаборатории и предавални усогласени со потребите на различните студиски програми. Практичниот и теоретскиот дел на предавањата им овозможуваат на студентите целосно и правилно да го совладаат материјалот потребен за полагање. Предавањата се задолжителни, а тоа значи дека секој студент треба да исполни одреден процент на присуство со цел да се стекне со право на полагање.

Универзитетот има соработка со над 170 меѓународни универзитети во повеќе од 40 држави со што им нуди на студентите размени преку Еразмус+ и Мевлана програмите во Европа и Турција. Ваквите размени даваат можност студентите да ги прошират своите хоризонти и да го искусат студентскиот живот надвор од својата земја. Во моментов, во МБУ има студенти на размена од 15 европски земји.

Меѓународниот Балкански Универзитет, покрај соработката со други универзитети низ светот, има склучено партнерство со повеќе компании во земјава со што им нуди на своите студенти можност за пракса и работа по завршувањето на студиите.

Универзитетот исто така нуди и 10 различни програми за магистерски студии за сите оние кои сакаат да го надоградат своето образование. Различните студиски програми на постдипломските студии се: Меѓународни економски односи, Бизнис администрација (MBA), Архитектура, Компјутерско инженерство, Индустриско инженерство, Настава по англиски јазик, Административно право, Клиничка психологија, Односи со јавност и Графички дизајн.

Поврзани вести

9 изјави што вашиот шеф никогаш не треба да ги изговори

msp-admin

Deloitte: Ковид ги одалечува клиентите од електричните автомобили и новите технологии

Влатко Зорба

Менаџерите не им веруваат на вработените дека се „убиваат“ од работа од дома

msp-admin
error: Превземањето на содржина без дозвола од авторот е дело казниво со закон!!!