СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Излегувањето на берзата во САД им донесе на Кинезите 11,7 милијарди долари

Апетитот на инвеститорите за инвестирање во кинески компании на американските берзи скокна на шестгодишен максимум во 2020 година, и покрај тензиите меѓу двете земји.

Кинеските компании собраа 11,7 милијарди долари преку 30 првични јавни понуди (ИПО) во САД оваа година, се вели во извештајот на Renaissance Capital на 17 декември, пренесува CNBC.

Тоа е најголемата сума од 2014 година, кога 16 компании со седиште во Кина собраа 25,7 милијарди долари, дебитирајќи на американскиот пазар на капитал, а најголемиот дел се однесува на компанијата Алибаба, чиешто ИПO беше најголемо во светот до тогаш.

Според извештајот на Renaissance Capital, две кинески компании – „Луфакс“ за финансиски технологии и онлајн платформата за недвижнини „Ке“, се рангирани меѓу 10-те најголеми ИПО-а во Америка оваа година.

Исто така, кинеската компанија за испорака на намирници „Дада“, во која инвестираше „Волмарт“, потоа стартапите за електрични возила „Сенг“ и „Ли Ауто“, како и компанијата „БлуСити“, сопственикот на најголемата ЛГБТ кинеска апликација за средби, беа меѓу другите големи добитници оваа година.

Според CNCB, кинеските компании покажуваат силен ентузијазам за излегување на американските берзи, и покрај турбулентната година во односите меѓу двете најголеми светски економии. Покрај сегашните трговски тензии, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се обидува да спречи капитал на САД да инвестира во кинески имот, се додава во текстот.

Поврзани вести

Роберт Дауни Џуниор стартираше ризични фондови за инвестирање во одржлива технологија

Влатко Зорба

КОВИД-19 ќе го принуди бизнисот да преразмисли како работи

msp-admin

„Ерсте“: 2021 е година на просперитет како резултат на три клучни фактори

Влатко Зорба