СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Зошто директорот на Apple тврди дека изреката за „работата што ја сакаш“ е ЦЕЛОСНА ГЛУПОСТ?

Пронајдете го она што го сакате. Работи го тоа што го сакаш. Тогаш работата нема да биде работа. Ова звучи премногу добро за да биде вистина, затоа што е така. Така вели извршниот директор на Apple, Тим Кук.

„Постои една изрека дека ако го работиш она што го сакаш, нема да го аботиш ниту еден ден во твојот живот. Во Apple научив дека е тотална глупост“, рече Кук во говорот на Универзитетот Тулаин во Њу Орлеанс.

„Всушност, кога ќе најдете работа за која сте страсни, ќе работите напорно, но нема да ви пречи што правите. Ќе работите понапорно отколку што некогаш сте мислеле дека е можно, но алатките во ваши раце ќе бидат лесни“, рече Кук, кој стана дел од Apple на покана на култниот претприемач Стив Џобс, пренесе BizLife.

Тогаш, Кук бил инспириран во својата работа од поголемата цел зад самиот производ.

„Стив Џобс ме убеди во 1998 година да го оставам Compaq зад себе и да се приклучам на компанија која во тоа време беше пред банкрот. Тие правеа компјутери, но барем во тоа време луѓето не беа заинтересирани да ги купат. Стив имаше план за како тоа се промени и јас сакав да бидам дел од тоа“, рече Кук.

„Не беа само iMac или iPod или сè што следеше, туку вредностите што доведоа до тие пронајдоци. Идејата за ставање моќни алатки во рацете на луѓето помага да се ослободи креативноста и да се придвижи човештвото“, вели тој.

И, иако Кук може да ја сака работата што ја работи, тој сигурно работи многу напорно. Извршниот директор на Apple станува секој ден пред четири наутро.

„Сакам да поминувам низ коментари на корисници и слични работи што се насочени кон луѓе надвор што се толку важни за нас првиот час по будењето. Потоа одам во теретана и вежбам еден час затоа што така го одржувам стресот под контрола“, рече Кук.

Поврзани вести

ФИТР: Домашните компании подготвени за инвестиции за излез од кризата

Никола Поповски

Каква е судбината на трговските центри?

msp-admin

На Европа и требаат 300 милијарди евра за 5G мрежа

Влатко Зорба