СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Bitcoin може да вреди 50.000 долари до средината на февруари

Викендов Bitcoin забележа повеќе скокови на вредноста и нови рекорди во рок од неколку часа. Така, популарната криптовалута најпрво достигна цена од 30.000 долари, а во овој момент се врти околу 34 000 долари.

Во текот на 2020 година, Bitcoin ја зголеми тројно својата вредност, забележувајќи постојан и стабилен раст, и покрај флуктуациите и опаѓањата на берзата што ги бележеше пандемијата. Инвеститорите беа заинтересирани за Bitcoin, како и други криптовалути, бидејќи американскиот долар ослабе.

Од друга страна, експертите за дигиталната паричка даваат умерени прогнози и ги предупредуваат корисниците да бидат внимателни кога тргуваат со криптовалути. Некои од нив сè уште веруваат дека Bitcoin ќе достигне вредност од 50.000 долари до средината на февруари.

И покрај тоа што станува меинстрим и станува се пошироко распространет, Bitcoin често се користи за проневери, што му дава негативна конотација. Со оглед на тоа дека крипто-валутата е децентрализирана и има скоро анонимна природа, многу е тешко да се вратат изгубените пари при измама и нема централизиран орган (како што е банка) да го реши проблемот.

Поврзани вести

Твитовите на Маск и Кубан го катапултираа доџкоин

Влатко Зорба

За прв пат во последните 14 недели, биткоин падна под 40.000 долари

Биткоин китовите не престануваат да акумулираат БТК

Влатко Зорба