СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Bitcoin стигна до 34.544 долари на својот 12-ти роденден

Bitcoin (BTC) во неделата надмина 30.000 американски долари, што е третина повеќе отколку во 2018 година. Новиот рекорд, од 34.544 долари за еден BTC, се совпадна со 12-тиот роденден на најпопуларната криптовалута.

На 3 јануари 2009 година, Сатоши Накамото го „ископа“ почетниот блок Bitcoin, т.н. „блок број 0“, со награда од 50 биткоини за работата. Во првиот блок, се повикуваше на насловот од актуелниот број на „Тајмс“ со наслов: „Гувернер на прагот на второто спасување на британските банки“.

Идентитетот на Сатоши Накамото не е откриен. Но, неговото дело со девет страници „Bitcoin: A Peer-to-Peer Electronic Cash System“, стана инспирација за денешната „финтек“ револуција, заснована на воведување на технологија на која се базира BTC – т.н. блокчејн, во секојдневна примена од повеќето банки.

Скокот на цената на Bitcoin започна кон крајот на минатата година, кога крипто-валутата ја надмина својата вредност од 20.000 долари на 16 декември, што е рекорд од пред две години. Иако некои аналитичари очекуваат корекција на цената, апетитите на другите се зголемија, па сега тие предвидуваат дека дигиталната паричка може да достигне вредност од дури 200.000 американски долари.

Поврзани вести

XRP не е хартија од вредност, според Министерството за финансии на Велика Британија

Влатко Зорба

Доколку биткоин достигне 182.000 долари, неговиот творец ќе стане најбогатиот човек на планетата

Влатко Зорба

Шефот на Твитер и Џеј Зи влегуваат во бизнис со биткоини

Влатко Зорба