СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Турција за повлекувањето на „Volkswagen“: Не губиме ние…

Турскиот министер за индустрија и технологија Мустафа Варанк изјави дека одлуката на германскиот производител на автомобили „Volkswagen“ да ги откаже плановите за изградба на производствен погон во Турција и повлекување на инвестициите е политички мотивирана и претставува загуба за „Volkswagen“, а не за Турција.

„Ние сме ние тие кои ќе изгубат од овој потег, туку „Volkswagen“. Во овој случај, „Фолксваген“ ќе изгуби, а не Турција, бидејќи признале дека ги измамиле своите инвеститори со политички, а не со економски одлуки“, изјави тој пред новинарите, пренесе „Дејли Сабат“.

Извршниот директор на „Volkswagen“, Херберт Дис, претходно изјави дека сегашната пандемија е виновна за одлуката, а компанијата во јули објави дека се откажува од плановите за изградба на нова фабрика во Турција, како одговор на намалената побарувачка за нови возила за време на пандемијата.

Најголемиот германски производител на автомобили планираше да отвори фабрика во Маниса на западниот брег на Турција, а во фабриката, чија изградба требаше да чини 1,3 милијарди евра, беше планирано да се произведат модели на „Passat“ и „Superb“ и тоа уште во 2022 година.

Производителот на автомобили основаше подружница во Маниса во октомври 2019 година со капитал од 943,5 милиони турски лири (164,5 милиони американски долари) за да се фокусира на дизајнирање, производство и монтажа на автомобили, камиони и други возила.

Како што се наведува, компанијата побара ликвидација во декември, а во ноември објави дека планира да инвестира една милијарда евра во фабриката во Словачка, пред се за производство на најновата генерација на моделите „Passat“ и „Skoda Superb“.

Варанк додаде дека производството на првиот електричен автомобил во Турција ќе започне во 2022 година без одлагање, а првите произведени модели ќе им бидат дадени на турските амбасадори ширум светот.

Овие автомобили ќе бидат произведени во фабрика во Бурса, која ќе се гради годинава и во која ќе работат 4.300 луѓе.

Поврзани вести

Димитриеска-Кочоска: Не ни е потребно зголемување на акциза која ќе ја продлабочи сиромаштијата

msp-admin

Лагард: Пандемијата длабоко ќе ја смени светската економија

msp-admin

ПАНДЕМИЈА НА НЕВРАБОТЕНОСТ: Отпуштања во Европа, најмногу невработени во Австрија од Втората светска војна

Влатко Зорба