Стандард
ЕКОНОМИЈА

„Еуромакс рисорсес“: Иловица-Штука може да има силен импакт врз националната економија

„Еуромакс рисорсес“ како директна странска инвестиција апелира до политичарите да не ја користат во меѓупартиски пресметки и манипулации со полувистини и шпекулации, бидејќи проектот Иловица-Штука може да има силен импакт врз националната економија. Станува збор за инвестиција, чија реализација може веднаш да започне, а значајно ќе помогне за брзо заздравување на македонската економија по штетата што ја предизвика пандемијата со КОВИД – 19.

Проектната компанија за развој и управување со рударскиот комплекс Иловица – Штука, Еуромакс рисорсес Македонија е во 100 процентна сопственост на Еуромакс рисорсес Лимитед, мајката компанија која е регистрирана во Ванкувер во Канада и котира на престижната Берза за хартии од вредност во Торонто.

За д-р Живко Груевски, одговорен за комуникации и односи со јавноста во Еуромакс рисорсес, компанијата има обврска кон своите инвеститори, како и кон акционерите на Берзата во Торонто транспарентно да ги објавува сите информации поврзани со финансиското работење на компанијата, како и нејзините акционери.

„Компанијата Еуромакс рисорсес Лимитед има диверзифициран меѓународен акционерски капитал што доаѓа од компании од земјите како Канада, САД, Англија, Швајцарија и земји од ЕУ. Сите овие инвеститори го стекнуваат својот удел во компанијата преку финансирање во проектот и очекувањата на сите се дека ова ќе биде проект од светска класа. Односно рудник што ќе биде управуван, организиран и со производство по највисоките стандарди за заштита на животната средина, социјалите аспекти и секако со примена на сите најнови технологии на рударството на 21 век“, изјави д-р Живко Груевски, одговорен за комуникации и односи со јавноста во „Еуромакс рисорсес“.

Водечки инвеститор во акционерската структура е групацијата Трафигура, која својот удел го реализира преку својата финансиска институција Галена Асетс Менаџмент од Женева, Швајцарија и нејзината ќерка фирма Галена Рисорс Еквитис ЛТД, каде како партнер – инвеститор се јавува и Геотецхмин од Бугарија. Индустриската групација Геотецхмин е една од најголемите инвестициски и производствени компании во Бугарија со водечка улога во рударството, градежништвото, енергетскиот сектор и заштита на животната средина.

Трафигура е една од најголемите светски компании за трговија, дистрибуција и логистика со енергија, нафтени производи, метали и со минерали. Трафигура мајнинг груп специјализирано се занимава со развивање и управување на рударски комплекси во целиот свет, и во моментов управуваат со над 20 рудници.

„Илустрација за големината на Трафигура е дека во 2018 година, според официјалните податоци, остварила приходот над 190 милијарди долари. Други значајни инвеститори се Европската банка за обнова и развој, која е поединечно најголемиот институционален инвеститор во РСМ и американската корпорација Ројал Голд, еден од светските лидери во инвестирање и управување со производство и трговија на скапоцени минерали и метали. Овие акционери, односно инвеститори препознаа вредност во проектот, иднина во овој долгорочен капитален проект во Република С. Македонија. Тие искажуваат верба во менаџментот на Еуромакс рисорсес и веруваат дека, и покрај застоите, нашата држава е земја во која вреди да се инвестира и која може да реализира ваков голем инвестициски проект“, изјави д-р Груевски.

Еуромакс рисорсес со реализација на проектот Иловица – Штука во првите две години од изградбата ќе вработи околу 1.000 лица, а потоа во периодот на работа на рудникот ќе вработи 500 лица. Преку соработници и снабдувачи ќе се ангажираат дополнителни 2.700 лица. Досега во Проектот се инвестирани повеќе од 50 милиони евра, а за првата фаза на изградба предвидени се околу 340 милиони евра. Инвестицискиот проект се очекува да придонесе за зголемување на бруто домашниот производ за 3% на годишно ниво и да се квалификува во првите ТОП 3 извозни компании од Република Северна Македонија.

Поврзани вести

ТИРЗ учествуваат со околу 40% од вкупниот увоз во С.Македонија

Влатко Зорба

Вработените во „Пејпар мил“ ќе „одмараат“ до април, платата ќе им се намали за 30 отсто

Влатко Зорба

„Витаминка“ го усвои планот за работа за 2021 година, приоритет зголемување на продажбата дома и во егионот

Влатко Зорба
error: Превземањето на содржина без дозвола од авторот е дело казниво со закон!!!