СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

РКЕ: Бензините поскапуваат за 1,50, а дизелот за еден денар

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,76 % во однос на Одлуката од 1.2.2021 година.

„Цените на двата референтни типа нафта (Брент и американската WTI) на светските берзи изминатата недела го достигнаа највисокото ниво во последната година, а причина за тоа е падот на залихите на „црното злато“ и на бензинските фракции во САД. Исто така фактор кој влијаше на растот на берзанските цени на нафтата се и надежите кај трговците дека ќе отпочне закрепнување на економиите и пораст на побарувачката од нафта при намалена понуда на нафта на пазарите, а сето тоа базирано на прогнозата на ОПЕК за проектиран дефицит во понудите со нафта на пазарите оваа година. Освен што минатата недела берзанските цени на сите нафтените деривати бележат раст, дополнително раст регистрира и
денарот во однос на доларот. Имунизацијата и сите претходно наведени фактори укажуваат дека на пазарот со нафтени деривати е отпочнат процесот на стабилизација.“ изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 денар/литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 денар/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,448 ден/кг и сега ќе изнесува 32,884 ден/кг.

Од 9.2.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

* Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 62,50 (денари/литар)
* Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 64,50 (денари/литар)
* Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 53,00 (денари/литар)
* Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 42,00 (денари/литар)
* Мазут М-1 НС 32,884 (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување: бензинот за 5,317%, дизелот за 5,308%, екстра лесното масло за 5,596 % и кај мазутот за 5,613%.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,666%.

Поврзани вести

Лукаревска: Поднесени 23.861 барање за финансиска помош за исплата на плати

За кои фирми и занаетчии важи мерката од 14.500 денари месечно за секој вработен?

Берта Китинска

Дури 70% од физичките лица кои користат кредити прифатиле одложување на ратите

Берта Китинска