СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Димовски: Соработката е единствениот пат за напредок за земјите од Западен Балкан

Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, присуствуваше на 13 –от годишен работен состанок на министрите за земјоделство на Југоисточна Европа кој се одржа во Приштина, Косово.

На состанокот министрите разговараа политиките и мерките за развој на земјоделство и руралниот развој во регионот на ЈИЕ, процесот на регионална соработка во областа на земјоделството, како и процесот за интеграција во Европската унија на земјите од Западен Балкан.
На денешниот состанок, министерот Димковски официјално го предаде досегашното претседателство на министерката на Република Косово, Дијана Живиќ.

Димковски посочи дека соработката е единствениот пат за напредок за земјите од Западен Балкан.

„Ние се соочуваме со многу слични проблеми коишто може да бидат решени на многу поефикасен начин, ако работиме заеднички. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија, продолжува да работи посветено, заедно со другите земји во регионот, со цел исполнување на визијата за напреден и развиен земјоделски сектор во Западен Балкан. Јасно е дека без техничка и финансиска помош од Европската комисија оваа регионална соработка потешко би се развивала. Затоа, ја користам можноста да ја поканам Европската комисија да го препознае значењето на регионалната соработка во областа на земјоделството и руралниот развој за севкупно добро на земјите од Западен Балкан. Продолжуваме да работиме на имплементирање на сите предлози и политики со цел доближување кон Европската унија “ – изјави министерот Димковски.

Годинешниот работен состанок е во организација на Министерството за земјоделство, шумарство и рурален развој на Косово и Постојаната работна група за регионален рурален развој во Југоисточна Европа (SWG).

Поврзани вести

Иднината стигна: Гугл прави свој здравствен картон

Петров: Владата ја користи кризата за транформација на економијата

Влатко Зорба

Бил Гејтс ќе насочи скоро 40 милијарди долари за борба против коронавирусот

Stefanija Kuzmanovska