СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Голем дел од занаетчиите не можат да аплицираат на бескаматните кредитни линии на Развојна банка

Во услови на криза од корона вирусот занаетчискиот сектор се соочува со многу предизвици. Занаетчиската комора Скопје, беше директно вклучена во креирањето на мерките кои ги предложија занаетчиите кои треба во наредниот период да помогнат во справувањето со кризата од коронавирусот.

Како мерка која се покажа дека е неопходна за многу занаетчиски бизниси да опстанат во услови на економска криза е мерката за финансиска подршка за плата за самостојните вршители на дејност и вработените во занаетчискиот сектор. Доколку не се одобри мерката финансиска подршка за плата многу занаетчии ќе останат без финансии и нема да бидат во можност да ги одржат бизнисите активни во наредниот период и да ги задржат вработените.

Занаетчиската комора Скопје тврди дека голем дел од занаетчиите не можат да аплицираат на бескаматните кредитни линии на Развојна банка на РСМ, поради кризата работеа со загуби и не ги исполнуваат условите за аплицирање на повиците. Паушално оданочените занаетчии се исклучени како можни апликанти во повиците за бескаматните кредитни линии, и тие воопшто не можат да аплицираат.

Измената на Законот за ДДВ за намалување на даночната стапка од 18% на 5%, кој беше дел од четвртиот пакет мерки за справување со ковид кризата не беше согласно барањата на занаетчиите, затоа што во измените и дополнувањата влегоа многу мал број занаетчиски дејности кои не се ДДВ обврзници.

Претседателот на Занаетчиската комора Скопје – Горан Ристовски, истакна дека сите занаетчиски дејности имаат проблеми во функционирањето, еден од долгогодишните проблемите со кои се соочува занаетчискиот сектор е сивата економија која што претставува реален проблем на легално регистрираните занаетчии. Само со координирани конкретни активности кои ќе се превземат од надлежните институции , формализација на нерегистрирано вршење на дејност, и конкретна стратегија за намалување на сивата економија ќе доведе до конкретни резултати.

Во однос на законското решение за недела како неработен ден доставено е мислење до надлежните институции за занаетчиски дејности кои едноставно не можат да не ја вршат дејноста во недела поради природата и видот на услугите кои ги вршат.На пример фотографи, козметичари, фризери, цвеќари, забавни игри и други занаетчиски дејности вршат дејност и во недела, затоа што побарувачката на нивните производи и услуги го диктира денот недела како неопходен за вршење на дејност.

Засегнати се и занаетчиите кои вршат пекарска, слаткарска дејност, кетеринг услуги и достава на храна затоа што треба да влезат во листата на дејности кои согласно новото законско решение ќе можат да вршат дејност и во недела.

Поврзани вести

Анализа на искористеност на мерката Финансиската поддршка за исплата на плата за месец ноември 2020 година

Влатко Зорба

Платежни картички за самохраните родители, пензионерите и помош за компаниите, најавува Битиќи

Берта Китинска

Oд утре почнува исплатата на августовските пензии

Берта Китинска